За сајтот

Секој град има свои белези и оние зданија кои биле дел од нечие минато, се наша сегашност. Исто како што објектите од нашата сегашност ќе бидат нечие туѓо минато. Ако не заради друго, треба да ги познаваме и да ги штитиме поради нашата традиција. Зошто во нив додека минуваме, по мал дел од нас вткајуваме. Во нашите прекрасни семантички ,,урбани” артефакти.

Скопје е град каде профаните и сакралните човекови градби опстојуваат и денес во нашата свест. Скопје, град во “можеби” кој е роден императорот Јустинијан I, а Стефан Душан се прогласил за цар. Скопје, бисер во океанот на културните светски богатства. Скопје, град на тивки луѓе со големо срце и монументални споменици кои говорат за едно минато чиj дух се протегал многу подалеку од бедемите на неговото обѕидување.

Сум патувала многу по светот, но само еден град има улици за моите зборови. Само еден е градот за кој бесконечно можам да раскажувам приказни. На Скопје му ги имам посеветено веројатно некои од моите најубави написи или имам директно учествувано во создавање на дел од неговата историја преку ископувањата во Тумба Маџари, Давина Кула, Градиште-Таор и Скопското кале. Тоа е до сега мојот археолошки придонес кон културниот идентитет на мојот роден град. Сето тоа и написите од овој сајт кои ги оставам како своевидно културно наследство на новото доба.

Comments are closed.

Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes